МУ ЛИЧИ НА БАЛКАНСКА УЈДУРМА Димитров го отфрли нон-пејперот како аматерски

Можам да кажам дека самиот јазик со кој е напишан не соодветствува на англиската граматика. Оттука претпоставувам дека „документот“ е балканска ујдурма, или пак можеби потекнува од кај нас, но тоа е во сферата на шпекулациите, рече Димитров во гостување во „Утрински брифинг“.

353

На балканска ујдурма му личи последниот објавен нон-пејпер на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Тој вели дека го добил наводниот нон-пејпер од новинар заедно со новинарско прашање „што е и дали е веродостоен“.

– Сум гледал и многу нон-пејпери и многу официјални документи. Прво, можам да кажам дека самиот јазик со кој е напишан не соодветствува на англиската граматика. Оттука претпоставувам дека „документот“ е балканска ујдурма, или пак можеби потекнува од кај нас, но тоа е во сферата на шпекулациите – рече Димитров во гостување во „Утрински брифинг“.






Во врска со односите со Бугарија Димитров вели дека на тој план не се случува ништо со оглед на тоа што Бугарија е пред трети вонредни парламентарни избори кои ќе се одржат заедно со претседателските.

– Има контакти на дипломатско ниво, на експертско и на работно ниво. Ние сме, сепак, соседни држави, но јасно е дека политички соговорник нема и треба да чекаме бугарскиот народ да се одлучи на избори – изјави Димитров.

Поврзани содржини