ЗАЕВ НИ ЧЕСТИТА ДЕМОКРАТИЈА?! Ѓорчев фрапиран од честитката на премиерот
Струмица е станата пашалак на грст луѓе, а сега тоа го прават со цела Македонија. Станавме Заевистан во полна смисла на зборот. И тој честита демократија?!, коментира Ѓорчев.
Кандидатот со 99,9% ни честита демократија? Автократот на хибридниот режим, во „делумно слободна“ земја, коментира Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ откако денеска премиерот Зоран Заев упати честитка по повод Меѓународниот ден на демократијата.
„Затворите се полни со политички затвореници. Судството го наполнија со послушници. Го исклучија Максо од партија, Стојко го разрешија. Лакрдија. Потепаа 1.000 со кластер ‘ажурирање на членство’. Плус уште 1.000 мртви од ковид додека глумеа ‘нормалност’ на внатрепартиски избори во кои единствениот кандидат Зоки доби 99,9%. Струмица е станата пашалак на грст луѓе, а сега тоа го прават со цела Македонија. Станавме Заевистан во полна смисла на зборот. И тој честита демократија?! Отвори се земјо, голтни нѐ од срам. Срамота и брука. Ни срам, ни перде“, пишува Ѓорчев.
Премиерот Заев во честитката напиша дека негувањето на демократијата и на демократските институции ја зајакнува кохезијата во нашето општество и го издвојува приоритетот за обединување за, као шт рече, да ги оствариме врвните државни интереси и главните национални приоритети.
„Денешниот ден е потсетник дека демократијата е двонасочен дијалог меѓу граѓаните во општеството, застапувано од политичките претставници за да владее доброто управување. Во нашата Република Северна Македонија демократијата ја градиме на инклузивноста, на еднаквоста на сите без исклучок, и само како таква е темел за одржлив развој и за почитување на човековите права“, напиша Заев.