СВЕДОК ВО СУДЕЊЕТО НА НЕТАНЈАХУ ЗАГИНА ВО АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА Медиумите во Израел велат дека тој летал накај Македонија

Авионот наводно полетал за Северна Македонија, но се урнал во близина на островот Самос во Егејското Море, каде што требало да наполни гориво, објавија израелските медиуми.

1,546

Во авионската несреќа во близина на Грција загина поранешниот заменик директор на Министерството за комуникации, Хаим Гарони, кој е сведок во судењето за корупција на поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху, како и неговата сопруга Ести.

Причината за падот на авионот „Цесна 182“, која полетал од мал аеродром во Хаифа, не е позната, но најверојатно несреќата била под влијание на технички проблеми пред полетувањето.






Авионот исчезнал од радарот околу 20 часот по израелско време.

Локалните медиуми јавија дека три брода се упатиле кон местото на несреќата, вклучувајќи брод на крајбрежната стража и рибарски брод, а полетал и хеликоптер на грчките воздухопловни сили.

Нетанјаху е обвинет за измама, злоупотреба на доверба и поткуп во три случаи на корупција.

Еден од нив, наречен „Случај 4.000“, се однесува на унапредување на прописите што обезбедија стотици милиони долари на сопственикот на телекомуникацискиот гигант Безек, Саул Елович, во замена за позитивно известување на веб-страницата на популарниот весник на компанијата.

Сведочењето на Гарон требаше да биде фокусирано на донесувањето на прописи.

Авионот наводно полетал за Северна Македонија, но се урнал во близина на островот Самос во Егејското Море, каде што требало да наполни гориво, објавија израелските медиуми.

Роднина на починатиот рекол дека Гарони сакал често да лета во странство, и дека бил одговорен пилот, па не може да разбере што се случило.

Поврзани содржини