КРИМТЕХНИЧАРИ ЗА ПОЖАР И ЗА ЛАСЕРСКО МЕРЕЊЕ ЌЕ ИСТРАЖУВААТ ЗА ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА Германскиот тим доаѓа деновиве

Во МВР веќе се подготвува соодветна поддршка за заедничкото утврдување на фактите. Германските експерти ќе работата заедно со кримтехничарите на МВР, како поддршка на Оосновното јавно обвинителство при истрагата за утврдување на причините за пожарот во модуларната болница во Тетово.

650

Германскиот тим од федералната криминалистичка служба треба да пристигне деновиве, вели портпаролот на Владата Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање за германските експерти кои треба да помогнат во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, каде загинаа 14 лица.

– Германскиот тим првично е составен од четворица и тоа од двајца кримтехничари форензичари за истражување на пожари и двајца кримтехничари форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање. Во МВР веќе се подготвува соодветна поддршка за заедничкото утврдување на фактите. Германските експерти ќе работата заедно со кримтехничарите на МВР, како поддршка на Оосновното јавно обвинителство при истрагата за утврдување на причините за пожарот во модуларната болница во Тетово.

Поврзани содржини