КОНДОВСКИ ВТОРПАТ ДЕЛ ОД „ТРЧАЈ БЕ“ Посакувам во пријатна атмосфера да трчаме и на изборите
Задоволство ми е што втора година по ред учествувам во атлетската трка полумаратон „Трчај бе“. Прекрасна спортска манифестација, убав настан на кој уживав во друштво на семејството и моите битолчани, рече кандидатот за градоначалник на Битола.
Денеска во Битола се одржа третото издание на градската трка „Трчај бе“. Учесник на трката беше и Христо Кондовски, кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ. Тој е втор пат дел од оваа манифестација, објави ОхридСкај.
– Задоволство ми е што втора година по ред учествувам во атлетската трка полумаратон „Трчај бе“. Прекрасна спортска манифестација, убав настан на кој уживав во друштво на семејството и моите битолчани! Среќен сум да видам колку многу луѓе се приклучија со голем ентузијазам. На Битола ѝ личат ваквите спортски настани. Посакувам токму во ваков дух и пријатна атмосфера да трчаме и на избори, сите заедно за поубава Битола – вели Кондовски.