ОГРАБЕНА КУЌАТА НА НОЛЕ ВО ШПАНИЈА Крадците однеле пари, накит, скапоцени часовници! (ФОТО+ВИДЕО)
Грабежот што се случил на 23 август, а во тоа време, 22 од 24 куќи беа ограбени во монденското одморалиште во Шпанија.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доживеа една голема непријатност – ограбена е куќата на првиот светски рекет во Марбеља.
Српски Меридијан ги дозна деталите за грабежот што се случил на 23 август. Во тоа време, 22 од 24 куќи беа ограбени во монденското одморалиште во Шпанија.

Една од куќите што беше ограбена е во сопственост на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Според информациите, украдени се пари, накит и скапи часовници.
Покрај семејството Ѓоковиќ, ограбен е и познатиот српски јутјубер, Никола Милошевиќ, попознат како „Ѓотафристаил“, кој бил на гости кај Марко Ѓоковиќ со својата девојка.

Таа ноќ на Марбеља беа ограбени куќите на одредени фудбалери и кошаркари, како и сегашните репрезентативци на Шпанија. Полицијата брзо направи истрага, а фотографиите од местото на настанот брзо „испливаа на површина“.
Да потсетиме, Новак Ѓоковиќ моментално е на УС Опен, каде се обидува да влезе во историјата на светскиот тенис.
Доколку победи на турнирот во Њујорк, српскиот тенисер ќе биде „сопственик“ на најмногу Грен слем турнири од сите играчи во белиот спорт!