СОВЕТОТ НА АМБАСАДОРИ РАЗОЧАРАН Меѓународната истрага врз дипломат од МНР го урива угледот на државата

Потребно е итно професионализирање на дипломатската служба, порача Советот на амбасадори во реакцијата за приведениот дипломат

858

Советот на амбасадори испрати соопштение во врска со случајот со притворениот македонски дипломат во Србија кој го пренесуваме интегрално:

„Советот на амбасадори во име на професионалните и етички стандарди и критериуми, ја изразува својата разочараност во врска со информацијата за меѓународната истрага врз дипломат од МНР и други лица кои во моментов не се во активна дипломатска служба.






Како Здружение на граѓани кое во својот состав вклучува поранешни угледни дипломати од највисок ранг, Советот на амбасадори укажува дека оваа нерешена загатка кај македонската инертна и нереформирана дипломатска служба, не оди во прилог на меѓународниот углед на нашата држава, дури, дополнително го оптоварува и нашиот интегративен  процес во ЕУ.

Советот на амбасадори постојано укажува на обврската на македонското МНР (што со години се одолговлекува) дека единствен начин дипломатската служба успешно да придонесува во позитивните активности за подобро позиционирање на нашата држава на меѓународната сцена е таа во брз рок високо да се професионализира и да се осовремени во нејзиното работење според меѓународните стандарди.

 

Советот на амбасадори смета дека и за носителите на врвните функции во македонското МНР и во надлежните институции на државата, ако се потврди дека Министерството и институциите не реагирале професионално и навремено во аферата со македонскиот дипломат и издадената меѓународна потерница од Ерменија, ова е сериозен морален и етички предизвик за нив пред судот на јавноста”.

Скопје, 5.09.2021                           Извршен одбор на Совет на Амбасадори

 

Поврзани содржини