ТЕТОВЕЦ 10 ДЕНА САМ СЕ ЛЕКУВАЛ ДОМА Тој по пристигнувањето во ковид центарот веднаш починал

Загрижува фактот, според д-р Нуредини, што голем број луѓе седат дома и сами се лекуваат, не барајќи лекарска помош се додека немаат потреба од кислород.

692

Од тетовскиот ковид центар информираат дека во последните 24 часа се починати четири лица на возраст од 63 до 74 години кои биле хоспитализирани во тетовската Клиничка болница.

Според евиденцијата на Институтот за јавно здравје, заклучно со 2 септември во тетовскиот регион во текот на пандемијата 441 лице починало поради ковид-19.






– Изминатите 24 часа до седум часот утринава примени на се нови девет пациенти. Во моментот има 106 хоспитализирани од кои 104 се на кислородна поддршка. Во текот на овие 24 часа дома се пуштени девет луѓе – информира д-р Гзим Нуредини од Ковид центарот.

Бројот на прегледи и контроли во амбулантскиот дел на Ковид центарот изнесувал 149.

Загрижува фактот, според д-р Нуредини, што голем број луѓе седат дома и сами се лекуваат, не барајќи лекарска помош се додека немаат потреба од кислород.

– Вчера на пример 48-годишниот пациент кој дојде во ковид-центарот почина веднаш, бидејќи беше во исклучително тешка здравствена состојба. Претходно цели десет седел дома и не побарал лекарска помош. За жал немаме евиденција и секако е новозможно да имаме такви податоци на сите оние кои седат дома и упорно сами се лекуваат. Недозволиво е да се седи 10 дена дома и да не се направи ниту крвна слика, ниту рентген…ниту каква било консултација. Секоја кашлица, секое кревање температура, каков било симптом треба да биде знак дека мора да се оди на лекар. И матичните лекари мора пациентите да ги упатат на тестирање, барем на оние брзи антигенски тестови, ако ништо друго, барем за да се исклучи опасноста дека се позитивни. Не смеат да ги пуштаат туку така дома младите. Тие се нашиот најголем проблем изминатиот месец. Го раширија вирусот, секако страдаат повозрасните, но за жал починаа и млади. И секако многу е важно граѓаните доколку се позитивни, но со благи симптоми да се изолираат, да бидат свесни за ризикот – вели д-р Нуредини за Фактор.

Поврзани содржини