ОЧАЈНА МАЈКА Судот не ѝ дава да го види синот затоа што не е вакцинирана
Фирлит, која е разведена седум години и го дели старателството над својот син со нејзиниот поранешен сопруг, рече дека не сака да ја прими вакцината од страв од несакани ефекти.
Една мајка од Илиноис тврди дека судијата во округот Кук одлучил да го додели старателството над нејзиниот син на неговиот татко затоа што таа одбила да се вакцинира против кроронавирусот, пренесува ФОКС.
Ребека Фирлит за ФОКС 32 Чикаго изјави дека судијата Џејмс Шапиро и го одзел правото да поминува време со својот син додека не се вакцинира.
– Многу ми недостига синот. Многу ми е тешко, не сум го видела од 10 август – рече Фирлит.
Портпаролот на судот за ФОКС 32 изјави дека судијата не може да ја коментира пресудата поради природата на случајот што е во тек.
Фирлит, која е разведена седум години и го дели старателството над својот син со нејзиниот поранешен сопруг, рече дека не сака да ја прими вакцината од страв од несакани ефекти. Нејзината адвокатка, Анет Фернхолц, вели дека „судот ја преминал границата“.
– Судскиот суд очигледно ги надмина своите сопствени овластувања со суспендирање на правото на мајката да поминува време со детето – рече таа за Фокс и додаде дека поднела жалба.
Џефри Левинг, адвокат што го застапува поранешниот сопруг на Фирлит, рече дека ја поддржува одлуката на судот.
– Има деца кои починаа поради ковид, мислам дека секое дете треба да биде безбедно. И се согласувам дека мајката треба да се вакцинира – рече Левинг.
Иако децата имаат помали стапки на инфекција и помал ризик од тешки симптоми на вирусот отколку возрасните, болниците во САД пријавуваат зголемен број заразени деца. Здравствените власти ги повикаа оние што можат да се вакцинираат да го сторат тоа.