НАЈЗГОДНИОТ ТУРСКИ АКТЕР Е ВО БЕЛГРАД Стотици Србинки го окупираа Џан Јаман (ФОТО)

4,826

Најпопуларниот турски заводник, актерот Џан Јаман (31), на изненадување на многумина, пристигна во Србија и во моментов престојува во Белград.

Јаман се појавил во продавницата на брендот во улицата Кнез Михаилова, каде се дружел со фановите, кои во огромен број се собраа пред продавницата на брендот чие заштитно лице е токму турскиот актер.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Can Yaman (@canyaman)

Фановите биле претежно млади девојки и тинејџерки, а турската sвезда немаше лесна задача да се „одбрани“ од нив.

Актерот, модел и адвокат Џан Јаман веќе неколку дена престојува во Белград. Тој објавил неколку фотографии на Инстаграм, а „Нова.рс“ пишува дека во Србија пристигнал поради деловни обврски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Can Yaman (@canyaman)

Јаман по завршувањето на деловните обврски објавил фотографии на кои се пријателите ужива во ноќниот живот, како и во специјалитетите во белградските ресторани.

Инаку, Јаман е во врска со најзгодната спортска новинарка, Италијанката Дилета Леота. Јаман игра во најпопуларните турски серии, а од неодамна е ангажиран и во италијанските ТВ-проекти.

ФОТО: Инстаграм

 

 

Поврзани содржини