ЕКСПЕРТИТЕ ОД СЗО БЕЗНАДЕЖНИ Сè помали се шансите да се открие потеклото на ковид-19

Експертите на СЗО велат дека истражувањето за потеклото на вирусот е клучна пресвртница која бара итна соработка, но наместо тоа, сè застана.

367

Меѓународните научници од СЗО кои се испратени во Кина за да го испитаат потеклото на коронавирусот, изјавија дека истрагата е во застој и дека шансите да се реши мистеријата, многу брзо се намалуваат, пренесува АП.

Во меѓувреме, извештајот од американската разузнавачка служба, кој беше побаран од американскиот претседател Бајден, даде нецелосен заклучок за потеклото на вирусот, вклучувајќи ја и теоријата дека вирусот преминал од животно на човек или дека избегал од кинеска лабораторија, објави Вашингтон Пост.






Експертите на СЗО, за списанието Природа, велат дека истражувањето за потеклото на вирусот е клучна пресвртница која бара итна соработка, но наместо тоа, сè е застанато.

Тие нагласија дека кинеските власти не сакаат да ги споделат податоците, а како причина ја наведуваат заштитата на правата на пациентите, пренесува Танјуг.

Претходно оваа година, СЗО испрати тим во Вухан, каде што првиот случај на коронавирус беше официјално регистриран во декември 2019 година, за да испита како сето ова започна.

Во анализата која беше објавена во март, СЗО заклучи дека вирусот најверојатно се проширил од животни на луѓе и веројатноста дека вирусот избегал од лабораторија е навистина мала.

Поврзани содржини