ХАОС И СТРАВ ВО СОЛУН Десет хотели добиле заканувачки пораки за подметнати бомби

Според информациите во солунските медиуми, меjлови со дојави за бомба биле испратени прво во три хотели, подоцна во уште три, па во уште четири хотели. 

1,034

Преку мејлови, во најмалку десет хотели во Солун вечерва биле испратени закани дека се поставени бомби, а полицијата превентивно ги евакуира и ги проверува, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Дел од хотелите се во строгиот центар на градот, а досега биле проверени пет од хотелите, но не било пронајдено ништо сомнително.






Според информациите во солунските медиуми, меjлови со дојави за бомба биле испратени прво во три хотели, подоцна во уште три, па во уште четири хотели.

Поврзани содржини