ОД ЗАПАЛЕНО ЃУБРЕ ЌЕ ИЗГОРЕЛА ШУМАТА НАД ШИПКОВИЦА Пожарот изгаснат, нема повредени

533

Полицијата од Попова Шапка затекнала маж од Шипковица кој во дворо на угостителски објект запалил ѓубре и за малку ќе ја потпалел шумата.

Во врска со пожарот кај влезот во тетовското село Шипковица, пријавен во 19.40 часот во Полициското одделение Попова Шапка, полициски службеници го затекнале Н.Б.(58) од Шипковица, кој во дворот на угостителски објект кој граничи со шумата, запалил смет и други отпадни работи. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема – велат од МВР.






Во кооординација со Јавен обвинител со него е извршен службен разговор, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Поврзани содржини