Пратениците ја стокмија државната каса: 222,6 милијарди денари приходи, а расходи 268,8 милијарди денари
Дефицитот е проектиран во износ од 46,2 милијарди денари, односно 6,5 проценти од БДП.
Собранието попладнево со 56 гласови „за“ и 37 „против“, го донесе ребаланост на буџетот за 2021 година. За ребалансот се гласаше на петтиот ден од расправата во законодавниот дом.
Заменик министерот за финасии Димитар Ковачевски, кој се обрати пред гласањето за ребаланост, истакна дека клучни приоритети остануваат здравјето на граѓаните, здрава економија и здрави финансии.
Заменик министерот додаде и дека фискалниот стимул за стопанството и граѓаните продолжува до целосно заздравување и враќање на економијата на патот на економскиот раст.
Тој се заблагодари на, како што рече, конструктивната расправа која довела да се направат и соодветни измени.
–Со направените измени обезбедивме дополнителни средства наменети за здравство, за инсулин, за набавка на вакцини преку Ковакс механизмот, набавка на возила за транспорт и фрижидери за чување на вакцини и средства за управување на вакциналните пунктови, како и набавка на опрема за испитување на квалитетот на мазутот што е во насока на обезбедување на чиста животна средина – рече Ковачевски.
Со ребалансот вкупните приходи се планирани на ниво од 222,6 милијарди денари и се за околу 10 милијарди денари или 4,7 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции. Даночните приходи се планирани на ниво од 123,9 милијарди денари односно за околу 6 милијарди повеќе во однос на иницијалниот буџет. Социјалните приходи се во износ од 69 милјарди денари и се за околу една милијарда денари повисоки во однос на планот за 2021 година. Останатите приходи (неданочни, капитални и странски донации) се планирани на ниво од 29,5 милијарди денари.
Вкупните расходи, пак, се планирани на ниво од 268,8 милијарди денари или се повисоки за околу 21 милијарди денари, а капиталните расходи на ниво од 30,5 милијарди денари или за 6,5 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2021 година. На расходната страна на Буџетот се врши ограничување и сведување на минимум на несуштинските трошења кај буџетските корисници без да се наруши нивното редовно подмирување на обврски. Дефицитот е проектиран во износ од 46,2 милијарди денари, односно 6,5 проценти од БДП. Зголемувањето на дефицитот од 4,9 на 6,5 проценти, според надлежните, е резултат на потребата за зголемено финансирање за сетот на економските мерки за справување со последиците од здравствено-економската
Четириесет и седмата седница на Собранието, на чиј дневен ред беше ребаланост на Буџетот ќе продолжи утре со дебата за Предлог резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграци, која е втора точка на дневниот ред.