НОВИ ПРОБЛЕМИ ВО МАЈАМИ Станари на друга зграда добија наредба да ги напуштат своите станови!

Портпаролот на градот Мелиса Бертије изјави дека станарите на оваа зграда со 30 стана имаат рок до 19 јули да ги напуштат своите станови, иако е утврдено дека нема непосредна опасност од уривање.

2,243

Евакуирана е уште една зграда во Мајами, откако беа откриени структурни оштетувања при последната инспекција.

Во петокот, градските инспектори ја посетија зградата на адресата 6881 Индијан Крик Драјв, што е на автопатот во Мајами, и одлучија дека има структурни штети, но дека не се доволно големи за да им кажат на станарите да ги напуштат своите станови. Сепак, во понеделникот на станарите им беше кажано да се евакуираат.






Портпаролот на градот Мелиса Бертије изјави дека станарите на оваа зграда со 30 стана имаат рок до 19 јули да ги напуштат своите станови, иако е утврдено дека нема непосредна опасност од уривање.

Мени Вадило, адвокатот што го застапува управителот на зградата, рече дека минатиот мај беше одлучено зградата да биде срушена и заменета со нова. Ова им е кажано на станарите, а во зградата моментално живеат само 14 лица, од кои 7 плаќаат кирија.

– Моите клиенти се исклучително чувствителни од аспект на безбедноста и неколкупати ја посетија зградата во текот на минатата недела, со цел да разговараат со станарите – изјави Вадило.

Оваа зграда е втора евакуирана по уривањето на зградата во Сурфсајд на 24 јуни, кога беа загинаа најмалку 90 лица.

Поврзани содржини