ВМРО-ДПМНЕ: Заев го предлага Георгиевски за градоначалник на Охрид, а министерката за култура вели дека нема волја да го заштити културното наследство

Опозициската партија забележува дека Георгиевски повеќе од година и половина не направи ништо за уривање на дивоградбите и решавање на урбаниот хаос

561

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ забележува на предлогот за градоначалник на СДСМ за Охрид, бидејќи тој, како што велат, не успеал да го заштити културното наследство на градот што е повод за лошиот извештај на УНЕСКО и се заканува да го изгуби статусот град под заштита на УНЕСКО.

– Зоран Заев за Охрид го предлага Константин Георгиевски и покрај тоа што министерката за култура кажа дека нема волја да го заштити културното наследство на градот. Георгиевски повеќе од година и половина не направи ништо за уривање на дивоградбите и решавање на урбаниот хаос. Со него Охрид ризикува да го изгуби статусот на град под заштита на УНЕСКО. И министерката за култура Стефоска од СДСМ кажа дека општина Охрид нема волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО и дека ќе иницира пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите – велат од ВМРО-ДПНЕ.






Од партијата прашуваат:

Како сега преку ноќ истиот тој Георгиевски е компетентен и способен? Како човекот заради кој виси статусот на Охрид на листата на УНЕСКО е добар градоначалник? Георгиевски е лош избор за Охрид. Тој е доказ дека СДСМ нема кадри и дека никој не им се нафаќа освен неспособни и криминалци – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини