Со нов закон, во Украина Украинците ќе се автохтони, а Русите само малцинство

Затоа, изјавите за некои притисоци поради усвојувањето на предложениот закон за автохтоните народи не се точни. Во Украина, правата на руското национално малцинство, исто така, никогаш не биле ограничени - нагласи Кулеба.

453

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба тврди дека Предлог-законот за автохтоните народи предложен од украинскиот претседател Зеленски е целосно во согласност со Декларацијата на ОН за правата на автохтоните народи и нема никаква врска, како што рече, со „произволното толкување од рускиот претседател Владимир Путин“, јавува Блиц.

Тој објасни дека Уставот на Украина директно и недвосмислено гарантира еднаквост на сите граѓани во Украина, без оглед на етничкото потекло и одделно ја утврдува обврската на државата да ги штити автохтоните народи и националните малцинства, објави украинската амбасада во Белград.






– Затоа, изјавите за некои притисоци поради усвојувањето на предложениот закон за автохтоните народи не се точни. Во Украина, правата на руското национално малцинство, исто така, никогаш не биле ограничени – нагласи Кулеба.

Тој додаде дека Уставот на Украина, освен тоа, става посебен акцент на заштитата на правата на руското национално малцинство и прецизира дека во членот 10 од Уставот се вели дека „Украина гарантира слободен развој, употреба и заштита на рускиот и другите јазици на националните малцинства на Украина“.

Кулеба изјави дека предлог-законот дефинира кои народи може да се сметаат за автохтони:

– Тоа е автохтона етничка заедница формирана на територијата на Украина, носител на оригиналниот јазик и култура, има традиционални, социјални, културни или репрезентативни тела, којa се смета себеси за автохтон народ на Украина, која претставува етничко малцинство во своето население и која нема своја државна формација надвор од Украина.

Поврзани содржини