Белграѓани ги нападнаа работниците на „Чистота“ затоа што наместо против комарци ги прскале со корона (ВИДЕО)

Лудаците кои ја нападнаа екипата за прскање против комарци се обидоа да го уништат возилото и тврдеа дека од возилото се прска коронавирусот. На видеото секој може да го види лицето на еден од хулиганите – вели Весиќ.

645

Уште еден напад врз работниците на „Градска чистота“ беше забележан во вторникот вечер во Белград. Како што беше случај претходно, работниците беа нападнати од граѓани кои ги обвинија дека ги опрашуваат со вирусот ковид-19, инцидент кој беше потврдено од заменик-градоначалникот Горан Весиќ во објава на неговиот „Фејсбук“ профил.

– Вечерва, во близина на стадионот во Винча, неколку лица ја нападнаа екипата на „Градска чистота“, која прска против комарци! Пред неколку дена, сличен напад се случи среде ден во Сремчица. Вечерва има 33 екипи на терен, девет топови со врела магла, 16 геби со темна магла, два тима кои работат на уништување на ларви и шест тимови кои работат од чамци. Лудаците кои ја нападнаа екипата за прскање против комарци се обидоа да го уништат возилото и тврдеа дека од возилото се прска коронавирусот. На видеото секој може да го види лицето на еден од хулиганите – вели Весиќ.






Тој додава дека против овие напаѓачи ќе биде поднесена кривична пријава. Нападот бил пријавен во полиција, а од утре комуналната милиција со помош на полицијата ќе реагира на секој напад.

Поврзани содржини