Околу 150 цркви во Москва добиле закани со бомба

Во сите верски објекти е извршен претрес и не е пронајдена ниту една експлозивна направа - наведуваат изворите.

234

Околу 150 цркви и храмови во центарот на Москва добиле закани со бомба од непознати лица, потврдија денеска руски безбедносни извори за агенцијата ТАСС.

– Непознати лица испратиле 150 закани со бомба во централниот дел на Москва. Во сите верски објекти е извршен претрес и не е пронајдена ниту една експлозивна направа – наведуваат изворите.






Заканите за поставени бомби се случиле вчера, а полицијата оттогаш е во потрага по лицата кои ги испратиле заканувачките пораки и спроведува одредени проверки.

Поврзани содржини