Кристијано веќе заборави дека гордо ја рекламираше Кока-кола?! (ФОТО+ВИДЕО)
Меѓутоа, малку поциничните фанови, посочија дека во минатото, на Роналдо не му пречеше да биде заштитно лице на компанијата, како што покажуваат овие фотографии. Желбата за здрав живот исто така не му пречеше да биде спонзор и на фаст-фуд ланците ресторани „КФЦ“ и „МекДоналдс“.
Одлуката на Кристијано Роналдо да ги тргне двете шишиња Кока-кола од говорницата, каде што тој држеше прес-конференција во врска со Европското првенство во фудбал, доведе до бришење на 4 милијарди долари од пазарната капитализација на производителот на пијалоци, пишува „Guardian“.
Капитенот на португалскиот фудбалски тим е познат по неговиот строг здравствен режим и јасно покажа што мисли за газираните пијалоци. За време на прес-конференцијата во Будимпешта пред мечот Португалија-Унгарија, тој ги замени газираните пијалоци со шише вода.
Како резултат на тоа, цената на акцијата на Кока-кола падна од 56,10 на 55,22 долари речиси веднаш, што е пад од 1,6 проценти. Така, пазарната капитализација на компанијата се намали од 242 милијарди на 238 милијарди долари.
Меѓутоа, малку поциничните фанови, посочија дека во минатото, на Роналдо не му пречеше да биде заштитно лице на компанијата, како што покажуваат овие фотографии. Желбата за здрав живот исто така не му пречеше да биде спонзор и на фаст-фуд ланците ресторани КФЦ и МекДоналдс.
Ronaldo promoted Coca Cola, KFC and Mcd’s https://t.co/Gq1a8qRsK7 pic.twitter.com/0auy68NkqJ
— Madrid Fan (@cristiano_peak) June 15, 2021
Кока-кола, еден од официјалните спонзори на ЕВРО 2020, рече дека „секој има право да пие што сака“, со оглед на различните „вкусови и потреби“.
Портпарол на Европското првенство во фудбал коментира: „На играчите им се нуди вода, како и Кока-кола и Кока-кола Зеро по пристигнувањето на нашите прес-конференции“.
Роналдо е особено популарна јавна личност со скоро 300 милиони следбеници на Инстаграм.