Само една навика може да го подобри сексуалниот живот на паровите!
Луѓето со голема сексуална моќ се грижат за задоволството на својот партнер, ги задоволуваат неговите потреби и имаат посреќни врски
Вежбите за изразување благодарност(gratitude) денес се исклучително популарни, пишува хрватски Вечерњи лист. И тоа со добра причина. Истражувањата продолжуваат да откриваат сè повеќе и повеќе придобивки од тоа да се биде благодарен: од ослободување од стресот до подобрување на спиењето.
А најновиот додаток на списокот е…? Подобар секс.
Колку повеќе луѓето доживуваат благодарност во нивните врски, толку е поверојатно да бидат заинтересирани за сексуалното задоволство на нивниот партнер. А ова, пак, доведува до повеќе „заедничко сексуално задоволство“, објавува „Мајнд Боди Грин“.
Истражувањата покажале дека луѓето со поголема заедничка сексуална моќ имаат посреќни и сексуално задоволувачки врски. Тие имаат и повеќе сексуални желби и полесно се возбудуваат.
Па, како да го зголемите овој посакуван квалитет на „заедничка сексуална моќ“?
Истражувачите велат: покажете повеќе благодарност еден кон друг. Тие испитале 185 луѓе за изразите на благодарност што ги добиле од нивниот партнер. Луѓето кои имале поголема благодарност во врската имале поголема сила.
По вежбата, сите парови биле интервјуирани – и уште еднаш, оние кои воделе дневници за искуството на Денот на благодарноста пријавиле поголема сила отколку луѓето кои воделе дневници за други работи.