Путин нема против да размени затвореници со САД
Путин, исто така, ги отфрли како „лажни“ обвинувањата дека Русија стои зад кибернападите против САД.
Русија е отворена за можна размена на затвореници со САД, изјави рускиот претседател Владимир Путин во пресрет на неговата средба со неговиот американски колега Џо Бајден.
– Да, секако – изјави Путин во интервју за Ен Би Си њуз, како одговор на прашањето дали би размислил за размена на затвореници – тема за која е можно да стане збор на нивната средба в среда во Женева.
Путин, исто така, ги отфрли како „лажни“ обвинувањата дека Русија стои зад кибернападите против САД.
– Каде е доказот? – праша тој.
– Ние сме обвинети за секакви работи, мешање во избори, кибернапади и така натаму, и ниту еднаш, ниту еднаш не се потрудиле да презентираат докази, само неосновани обвинувања.