Три години затвор за фармацевт од САД кој намерно уништи вакцини

Стивен Р. Бранденбург (46) „намерно ги извадил“ шишињата со вакцини од фрижидерот, иако знаел дека треба да се чуваат на одредена температура пред употреба, покажуваат судските документи.

209

Еден американски фармацевт беше осуден на три години затвор откако призна дека намерно ги извадил вакцините „Модерна“ од фрижидерот, иако знаел дека треба да се чуваат на ниска температура, соопшти Министерството за правда.

Стивен Р. Бранденбург (46) „намерно ги извадил“ шишињата со вакцини од фрижидерот, иако знаел дека треба да се чуваат на одредена температура пред употреба, покажуваат судските документи.






Фармацевтот мора да плати 83.300 американски долари како компензација на болницата во Висконсин, каде што бил вработен.

Тој ги отстрани шишињата за време на две ноќни смени во декември. Ги остави неколку часа надвор од фрижидерот, пред да ги врати. Овие шишенца се користеа за вакцинација следниот ден.

Вкупно 57 лица примиле вакцина од ампулите извадени од Бранденбург, се вели во соопштението на Министерството за правда.

– Намерното обидување да се уништат дозите на вакцини за време на национална криза во здравството е сериозно кривично дело – рече Брајан Бојтон, заменик-јавен обвинител на цивилниот оддел на Министерството за правда.

Бранденбург изрази скептицизам кон вакцините и особено кон вакцината на „Модерна“, што произлегува од договорот за признавање вина.

Над 124 милиони дози „Модерна“ се инјектирани во САД. Вакцинацијата со две дози е околу 90 проценти ефективна против симптоматски ковид-19 и 95 проценти против тешка болест.

Поврзани содржини