Изградбата на најдлабокиот базен ќе чини 150 милиони фунти, еве за што може да се користи (ВИДЕО)

„Сината бездна“ се очекува да биде изградена за 18 месеци и ќе биде отворена во вториот квартал на 2023 година.

927

Деновиве во Корнвол започна изградбата на најдлабокиот базен во светот, вреден 150 милиони фунти.

Базенот наречен „Син амбис“, кој го гради истоимената британска компанија, ќе биде длабок 50 метри. Со повеќе од 42.000 кубни метри вода (17 олимписки базени или 168.000 шолји кафе), тоа ќе биде најдлабокиот затворен базен во светот.






Базенот, кој ќе биде изграден близу аеродромот во Њукеј, нема да биде отворен за јавноста, туку ќе се користи за истражување, како центар за тестирање и обука на вработените во индустријата за енергетика, море, одбрана и истражување на вселената.

„Сината бездна“ се очекува да биде изградена за 18 месеци и ќе биде отворена во вториот квартал на 2023 година.

Базенот ќе отвори 160 работни места, 50 милиони фунти приходи за Корнвол за време на изградбата и 8 милиони фунти годишно за локалната економија.

Проектот има поддршка од британскиот астронаут Тим ​​Пик, кој беше првиот британски астронаут кој помина шест месеци на Меѓународната вселенска станица.

Базенот исто така ќе служи како прв комерцијален центар за обука на астронаути во светот, но исто така ќе се користи за истражувачки проекти од областа на енергетиката, одбраната, океанската екологија и науката.

Дури и филмските екипи ќе можат да го изнајмат за снимање на подводни сцени, што значи дека познатите sвезди почесто ќе го посетуваат Корнвол, пренесува „Daily Mail“.

Поврзани содржини