ДЕВОЈЧЕ ПОЧИНА ОТКАКО КОСАТА Ѝ СЕ ЗАПЛЕТКА ВО ОДВОДНА ЦЕВКА НА БАЗЕН Трагедија во близина на Џенова

Италијанското обвинителство покрена истрага поради сомнение за убиство од небрежност.

0

Единаесетгодишно девојче од Италија почина во болница откако косата ѝ се заглави во одвод на базен во Сестри Леванте. Случајот предизвика реакција од локалните власти кои покренаа истрага за небрежност, како и најава за построги безбедносни правила за базените од страна на надлежниот министер.

Девојчето Аличе почина на одделот за интензивна нега во педијатриската болница Гаслини во Џенова, објавија италијанските медиуми. Нејзината коса се заглавила во одводниот отвор на базен во местото Сестри Леванте. Смртта настапила два дена по несреќата.






Италијанското обвинителство покрена истрага поради сомнение за убиство од небрежност. Детали околу конкретните лица кои се предмет на истрагата не се соопштуваат во моментов.

Случајот предизвика реакција и од централната власт. Надлежниот министер најави дека ќе се воведат построги правила за безбедност на базените во државата со цел да се спречат вакви трагедии во иднина.

Поврзани содржини