МАДОНА И СЕЛИН ДИОН ИМААТ РОДНИНСКА ВРСКА СО БРИТАНСКАТА КРАЛИЦА? Интересно откритие на генеалошка студија
Објавата предизвика бројни реакции. Некои корисници коментираа дека не е невообичаено да се најдат далечни семејни врски со благородништвото меѓу познатите личности.
Корисник на Reddit го сподели своето изненадување од наводната семејна врска меѓу познатите личности и британското кралско семејство. „Денес дознав дека Мадона и Селин Дион се братучетки на Камила Паркер Боулс, односно кралицата Камила, сопруга на кралот Чарлс“, напиша тој.
Објавата предизвика бројни реакции. Некои корисници коментираа дека не е невообичаено да се најдат далечни семејни врски со благородништвото меѓу познатите личности.
Иако информациите изненадија многумина, далечната врска помеѓу Мадона и кралицата Камила се појавува во генеалошките истражувања.
Според списанието Woman & Home, Мадона и Селин Дион се поврзани со кралицата Камила преку една француско-канадска двојка, која живеела во 17 век.
„Генеалошките истражувања ја поврзаа кралицата Камила со две познати поп-ѕвезди. И Мадона и Селин Дион, исто како и Камила, се потомци на исто семејство кое живеело во текот на 17 век во она што денес е Квебек, Канада“, се вели во текстот.
Значи, Мадона, Селин Дион и Камила не се блиски роднини, но делат многу далечен заеднички предок. Овие податоци се добиени со анализа на историски записи и генеалошки бази на податоци, вклучувајќи ја и веб-страницата Ancestry.co.uk.