Премиерот Зоран Заев е информиран за големото изненадување на ДУИ кое лидерот на интегративците Али Ахмети најави дека ќе го обелодени на 5 јуни , на партискиот роденден.
– ДУИ има убава работа да соопшти во сабота, убава зтоа што е целосно во корелација со работењето на Владата, споделено е со нас, убава е затоа што е модерна и соодветна за 21 век. Тоа е освежување и новина – рече Заев но не откри детали бидејќи тоа е агенда на ДУИ.
Тој само рече дека партијата прави промени кои ќе донесат позитивен момент во целата држава но дека не сака да зборува за детали.
Премиерот не сакаше да открие ни за шпекулациите дека е можно СДСМ и ДУИ да одат со заеднички кандидат Албанец во Скопје.
– Да не шпекулираме порано, ќе се пушти теза која е неточна или точна па на неа сите даваме шлагче, црешна или слично и правиме торта. Нема потреба од тоа. Еве сабота е преку еден, ќе биде соопштено и ќе видите дека е нешто добро за државата – рече Заев.