Чеда Јовановиќ искрши ресторан и клоцаше автомобили во Белград (ВИДЕО)

Лидерот на ЛДП утрово изјави дека тоа не е прв напад од страна на навивачите врз него и порачал дека „нема да им се тргне од патот“

695

Лидерот на ЛДП Чедомир Јовановиќ синоќа околу 22 часот направил инцидент во ресторан за брза храна во Нови Београд и истиот го демолирал, а сега се појави и снимка на која се гледа како познатиот политичар дивее на полицијата која што пристигна на местото на инцидентот.






Како што може да се слушне на видеото,Јовановиќ среде упадот на полицијата го шутираше автомобилот на полицијата и тврдеше дека за се сѐ криви навивачите на групата „Хиени“ кои го нападнале.

Јовановиќ околу 23 часот е однесен во полициската станица Нови Београд, а по нив веднаш тргнала и неговата сопруга.

Тој утрово за ТВ Прва пред пекарата во која како што рекол, „купувал леб за деца затоа што за половина час одат на училиште“, потврдил дека фрлил столче во излогот на локалот недалеку од неговата куќа, после што како што рекол го нападнале навивачи.

Јовановиќ додал дека тоа не е прв напад од страна на навивачите врз него и порачал дека „нема да им се тргне од патот“.

– Да, фрлив столче во излог, затоа што тие само тој јазик го разбираат. А, тоа што е проблем е ова стакло, не Бетон хала и нивното дивеење, тоа со мене не може да помине. Нека не доаѓаат, да не доаѓаа, да не ме напаѓаа, немаше да биде ништо – објаснил Јовановиќ.

Поврзани содржини