Израелци укажуваат на поврзаност на вакцината на Фајзер со воспаление на срцевиот мускул
Истражувањето покажало дека „постои веројатна поврзаност помеѓу вакцинацијата со втора доза на вакцината на Фајзер и развојот на миокардитис меѓу мажите на возраст од 16 до 30 години“, се вели во соопштението на министерството и се додава дека повеќето такви случаи се забележани кај млади мажи на возраст од 16 до 19 години, отколку кај другите возрасти.
Израелското министерство за здравство информира дека мал број случаи на воспаление на срцевиот мускул, забележани претежно кај помлади мажи вакцинирани со Фајзер, веројатно е поврзано со вакцината.
Фајзер тврди дека не е забележана поголема стапка на појава на миокардитис и нивната вакцина отколку што во вообичаени околности би можело да се очекува кај популацијата.
Меѓу декември 2020 и јуни 2021 година во Израел се евидентирани 275 случаи на миокардитис на 5 милиони вакцинирани лица, соопштило министерството, објавувајќи резултати од студијата која е нарачана за да се разјасни таа појава.
Повеќето пациенти кај кои се развило воспаление на срцевиот мускул во болница поминале најмногу четири дена, а 95 отсто од случаите се сметале за блага форма, покажала студијата која ја спровеле три тима експерти.
Истражувањето покажало дека „постои веројатна поврзаност помеѓу вакцинацијата со втора доза на вакцината на Фајзер и развојот на миокардитис меѓу мажите на возраст од 16 до 30 години“, се вели во соопштението на министерството и се додава дека повеќето такви случаи се забележани кај млади мажи на возраст од 16 до 19 години, отколку кај другите возрасти.
Од Фајзер велат дека ги следат резултатите на израелската студија, но тврдат дека не е утврдена причинска врска со нивната вакцина ниту е забележано дека таа болест ја има повеќе од вообичаеното.
Несаканите последици темелно се проучуваат, а стручниот тим на Фајзер редовно се состанува со членовите на Одделот за безбедност на вакцината на израелското министерство за здравство за да ги прегледаат и да ги проучат податоците, се вели во соопштението.