Оздраве од ковид потполковникот кој во специјална капсула беше донесен од Африка

879

 Излекуван е потполковникот кој заболе од ковид-19 во Централноафриканската република и беше транспортиран во земјава и хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, објави на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

„Среќна завршница на патешествието на нашиот потполковник, кој во Централноафриканската република заболе од ковид-19. По 22 дена на Инфективната клиника, тој е сосема излекуван и денеска си оди дома! Го испрати д-р Илир Демири и дел од медицинскиот персонал кои се грижеа за него. Благодарност до сите! Ништо не оставивме на случајноста и ова е најдобриот исход што сите го посакувавме!“, напиша Шекеринска  на Фејсбук.






Таа додаде дека потполковникот набргу се враќа меѓу своите колеги, на своите должности во Армијата.

 

Поврзани содржини