Почина Димитар Николов-Таки, поранешен директор на „Браќа Манаки“
Димитар Николов-Таки е продуцент на филмовите „Тајната книга“ по сценарио на Јордан Плевнеш и режија на Владо Цветановски, „Ах љубов моја“, „Жената на мојот живот“.
На 63-годишна возраст почина поранешниот директор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, Димитар Николов-Таки. Тој беше познат културен деец, филмски продуцент, менаџер на дистрибутерската компанија „КТ-филм и медиа“.
Димитар Николов-Таки е роден на 10 февруари 1958 година во Скопје. Завршил гимназија во „Цветан Димов“, во скопската населба Чаир, каде што и живеел. Дипломирал Историја на Филозофскиот факултет во Скопје.
Николов во 2015 година беше поставен за директор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, а кај љубителите на филмот ќе остане запаметен како најскромниот директор на фестивалот.
До 2000 година живеел и работел во Амстердам, по што се вртил во Македонија и продуцирал неколку филмски проекти, дел од нив ги снимал во Битола и низ Мариово, како балкански и европски филмски проекти.
Димитар Николов-Таки е продуцент на филмовите „Тајната книга“ по сценарио на Јордан Плевнеш и режија на Владо Цветановски, „Ах љубов моја“, „Жената на мојот живот“.