Ќучук за ТВ21: Ништо од почеток на преговорите со ЕУ во јуни

Ако гледаме на тоа како статичен феномен, односно бараме одреден датум кога Гордиевиот јазол би се разврзал, тогаш веројатно нема да најдеме датум, колку и да се обидуваме да го најдеме, истакна европратеникот.

1,233

Европратеникот Илхан Ќучук, вечерва во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека не треба да се очекува Македонија да ги започне преговорите со ЕУ во јуни, со оглед на случувањата во Бугарија и немањето Влада во Софија.

– Ако гледаме на тоа како статичен феномен, односно бараме одреден датум кога Гордиевиот јазол би се разврзал, тогаш веројатно нема да најдеме датум, колку и да се обидуваме да го најдеме. За мене големиот разговор е како може да се создаде позитивна политичка атмосфера меѓу двете страни заснована на убедување дека ќе треба да одиме по патот на Европската Унија заедно – рече Ќучук.






Тој додаде дека Португалија како претседавач со ЕУ, прави многу околу ангажманот на процесите во Западен Балкан.

 

– Заслужува почит тоа што го прави Португалија, сепак тоа е земја која не го познава регионот во детали, низ годините не се ангажирала многу сериозно со процесите на Запаниот Балкан и тоа од секоја гледна точка треба да биде охрабрено и поддржано, но не би рекол дека тоа е просто една иницијатива на португалската Влада, тоа е една иницијатива на Европската Унија, којашто сака да го постави Западниот Балкан, на едно друго рамниште – рече тој.

Поврзани содржини