Конте во свој стил: Титулата ја посветувам на себеси
Одговарајќи на прашање кому ја посветува титулата, Конте покажа со раката кон самиот себе.
Стратегот на Интер, Антонио Конте, истакна денеска дека шампионската титула што сезонава ја освои со „сино-црните“ е најголемо достигнување во неговата тренерска кариера.
Конте претходно освојуваше титули со Челзи и Јувентус, но нагласи дека „скудетото“ со Интер е нешто посебно.
– Оваа титула без дилеми ја вбројувам меѓу најголемите достигнувања, бидејќи воопшто не беше лесно. Натоварив голем притисок врз моите плеќи кога дојдов во Интер. Работевме и по една година постигнавме нешто убаво и неверојатно. Сите бевме добри, јас, играчите и клубот – изјави Конте.
Одговарајќи на прашање кому ја посветува титулата, Конте покажа со раката кон самиот себе.
– Ја посветувам на себеси, бидејќи не беше лесно во изминатите две години. Навистина морав да извлечам максимум од себеси. Имаше моменти кога се сомневав во своите квалитети, но бевме доволно силни да ги пребродиме сите тешкотии. Сите бевме добри, дури и јас – истакна италијанскиот тренер на клупата на Интер.