Евакуирани илјадници жители на Лос Анџелес, пожарот стигна до куќите (ВИДЕО)
Сè уште не е утврдено што го предизвикало пожарот, но противпожарната служба во Лос Анџелес соопшти дека пожарот е „сомнителен“ и дека истрагата е во тек.
Шумски пожар избувна во околината на Лос Анџелес, недалеку од националниот парк Топанга, илјадници луѓе беа повикани да се евакуираат, а голем број жители беа повикани да бидат во готовност и подготвени да ги напуштат своите домови доколку пожарот не биде ставени под контрола.
Сè уште не е утврдено што го предизвикало пожарот, но противпожарната служба во Лос Анџелес соопшти дека пожарот е „сомнителен“ и дека истрагата е во тек.
Во извештајот на АП се наведува дека полицијата во Лос Анџелес уапсила и подоцна ослободила едно лице, а друг осомничен е уапсен подоцна, кој од вчера бил на распит во полиција.
„Пожарот се засилува“, соопшти противпожарната служба, потврдувајќи дека огнот досега уништил површина од околу 5,5 квадратни километри.