Хрватската водителка Николина Пишек открила досега непознати детали од својата кариера, и открила поради што пред неколку години добила навреди од хрватската пејачка Северина.
Гостувајќи во една емисија, водителката ја прашала Николина дали некогаш имала проблем или непријатна ситуација со позната личност, а на изненадување на многумина, Николина ја спомнала пејачката Северина.
– Јас сум инаку пацифист, но… Северина ми е многу лута бидејќи мислам дека погрешно разбра некои работи. За време на нејзиниот развод, правевме една забавна емисија и се шегувавме така… Таа тогаш беше во некој непријатен период кога беше многу чувствителна, што можам да го разберам – започнала Николина и додала:
„И ние главно тука ја држевме нејзината страна, но дојде момент кога нејзиниот сега поранешен сопруг морал да ја раскаже својата страна од приказната, што ја го најавив, а таа тоа го доживеа многу лично. Таа сфати дека на никој не смее да му даде медиумски простор за тој да каже нешто… Потоа имавме еден разговор, расправија“, раскажала Николина.
„Таа ми се јави и сешто ми изнакажа, се чувствував погодено и многу невино“, открила низ смеа Николина.
Николина додала дека немала никаква лоша намера и дека не било до неа, бидејќи таа немала влијание на тоа дали тој прилог ќе се емитува или не. Николина порачала дека сочувствува со нејзината болка тогаш и сега, и дека ѝ е жал.