Мартинез по девет години се збогува со Баерн Минхен

Двете страни не најдоа заеднички јазик за продолжување на договорот што истекува во јуни.

236

Шпанскиот играч за врска Чави Мартинез го напушта актуелниот германски првак Баерн Минхен на крајот од сезоната, откако двете страни не најдоа заеднички јазик за продолжување на договорот што истекува во јуни.

Мартинез дојде во Баерн во 2012 година од редовите на Атлетик Билбао за 40 милиони евра, што тогаш беше рекордна отштета што ја исплатил баварскиот клуб.






За девет сезони во дресот на Баерн, 32-годишниот Мартинез одигра 266 натпревари и постигна 14 голови. Со германскиот клуб освои вкупно 23 трофеи, меѓу кои и две титули во Лигата на шампиони.

Покрај Мартинез, германскиот клуб ова лето би можеле да го напуштат и дефанзивците Давид Алаба и Џером Боатенг.

Поврзани содржини