Вториот пратеник што дојде во скафандер е Мирослав Богдановски од ДОМ
Богдановски дошол со сопствено возило, а пратеничката на СДСМ од Битола, Бисера Костадиновска Стојчевска, пристигна со амбулантно возило.
Мирослав Богдановски од ДОМ е вториот пратеник од владеачкото мнозинство кој денеска дојде во скафандер за да гласа на собраниската седница.
Богдановски дојде со сопствено возило, за разлика од пратеничката на СДСМ од Битола, Бисера Костадиновска Стојчевска, која пристигна со амбулантно возило. Двајцата беа сместени во кабини за изолација.
На седницата присуствуваше и Снежана Калевска Ванчева од СДСМ, која денеска излегла од изолација.
Ова е вторпат кабините да се искористат за изолирано гласање на пратеници. Прв позитивен пратеник кој така гласаше лани беше Арбен Зибери од ДУИ при изборот на новата влада, но тој не носеше скафандер.