Лавров: Русија ќе протера 10 американски дипломати

215

Русија ќе протера 10 американски дипломати од земјата, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Руската Федерација денеска ќе објави имиња на осум американски официјални лица вклучени во рускиот список за санкции. Русија, исто така, ќе предложи 10 американски дипломати да ја напуштат Москва – рече шефот на руската дипломатија.






Руската Федерација, исто така, ја почна постапка за прекинување на праксата за вработување руски државјани и државјани од трети земји да работат во американските дипломатски мисии во земјата, додаде тој.

– Руската Федерација реагираше позитивно на идејата за самит со САД и во моментов ги разгледува аспектите од таквата средба – рече министерот Лавров.

Според него, американските обвинувања за наводни плаќања од Руската Федерација до Талибанците за убиства на американски војници се „шпекулации и фобии“.

Поврзани содржини