Мрме ќе може да менува по пет играчи на секој натпревар на ЕП

Правилото за пет измени беше воведено како привремена мерка поради проблемите околу фондот на играчи во услови на пандемија со кои се соочуваат екипите.

300

Репрезентациите на Европското фудбалско првенство што ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули ќе можат да извршат по пет измени во текот на секој натпревар, соопшти денеска Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).

Правилото за пет измени беше воведено како привремена мерка поради проблемите околу фондот на играчи во услови на пандемија со кои се соочуваат екипите и во моментов се применува во европските купови и европските квалификации за Мундијалот 2022 во Катар.






– Со оглед дека причините за правилото за пет измени и натаму се валидни, а имајќи притоа превид дека правилото веќе се применува во квалификациите за Светското првенство, што се играат од март 2021 до март 2022, одлучено е примената да се прошири и на Европското првенство во јуни и јули 2021 година – соопшти УЕФА.

Поврзани содржини