Мина Топли Брд (24), ќерка на раперот и продуцент Трики, поранешен член на групата „Масив aтак“, e пронајдена обесена откако „верувалa дека луѓето ѝ се смееле“ на нејзината последна свирка со бендот, пишува британски „Сан“.
Талентираната Мина трагично го завршила својот живот, а починала во болницата „Вест парк“ во Дарлингтон, откако во возот имала сериозно ментално нарушување, кое го следувало по нејзиниот перформанс.
Таа настапила со својот бенд во Њукасл неколку дена пред да биде пронајдена мртва во болницата „Вест парк“. Болницата соопштила дека Мина била пронајдена мртва во болничката соба. Се обиделе да ја спасат, но безуспешно.
Детективот Џон Таирс во изјавата рекол дека младата жена чувствувала дека нејзиниот последен настап со групата „404“ поминал лошо и дека публиката ја исмејувала.
Пријател и соработник од бендот, Брендан Марфи, успеал да ја однесе во болницата откако се обидела да се фрли под автомобилот по „лошата свирка“.
ФОТО: Фејсбук