Мицкоски: Погледнете ги колоните возила, тоа е вашиот срам!

Стигнавме до таа точка народот сам да се снаоѓа и бори за живот, кога веќе тоа не го прави Владата, рече Мицкоски.

1,189

Денеска, колоните возила за соседна Србија најдобро ја покажуваат бедата и неспособноста на владата и Зоран Заев. Тоа покажува и колку народот им верува на властите кои најавија вакцини за утре, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Државата постои за да им служи на граѓаните, само кај нас државата постои за да биде крадена од власта. Македонија живее полоши години од деведесеттите, стигнавме до таа точка народот сам да се снаоѓа и бори за живот, кога веќе тоа не го прави Владата“, рече Мицкоски и ѝ порача на власта: „Погледнете го својот народ, погледнете ги колоните возила, тоа е вашиот срам.“

 

 

 

Поврзани содржини