Рама до албанската дијаспора: Од вас не се бара да земете пушка или лопата, туку да потрошите само пет минути за да се попишете ВИДЕО

Никој од вас, без разлика каде и да сте, не треба да отсуствува од попишувањето во Северна Македонија.

445

Албанскиот премиер Еди Рама продолжува со агитирање Албанците од Македонија, во дијаспората да се самопопишат. Тој сега преку видео порачува дека се потребни само пет минути за иселениците да се попишат, бидејќи со тоа „ќе се процени и уставната моќ на Албанците“.

– Браќа и сестри Албанци, денес треба да бидете горди на тоа колку напредувате во правата во пријателската земја. Доброто нема крај, но доволно е да погледнеме наназад пред само неколку години, за да видиме какви чекори презедовме за афирмација на правата во таа Република -вели Рама.






Дневната политика, како и секаде, додава тој, ве дели по различни прашања и мислења, но тоа во „никој случај не треба да ве спречи да го видите албанскиот идентитет за една кауза како и сите“.

– Никој од вас, без разлика каде и да сте, не треба да отсуствува од попишувањето во Северна Македонија. Претходниот попис беше намерно прекинат. Знаете, подобро од кој било, знаете дека уставната моќ и одлучувањето во таа држава зависи од бројот на албанските граѓани во Македонија. Од вас не се бара да земете пушка и да се искачите на планината или да земете лопата, туку да потрошите само пет, а не повеќе минути – порачува Рама.

Тој ги советува Албанците да ја отворат апликацијата и гордо да го напишат нивното име, на нивниот татко и мајка, кои ги родиле Албанци.

– Пријатели, ние Албанците имаме голем дефект, не ја цениме големата тежина на еден синџир ситници. Како последица на тоа секојдневно ги губиме тие битки како една голема нација. Така плаќајќи големи сметки во тие битки. Утре цената на оваа загуба ќе биде поголема. Пред да  вечерате , седнете и извршете ја домашната задача. Ви посакувам се најдобро во вашето семејство и Бог да ги благослови Албанците – порачува Рама во видео пораката.

Поврзани содржини