Ибрахимовиќ за враќањето во репрезентацијата: Како прв пат да играм за Шведска
Во квалификацискиот натпревар за СП 2022 со Грузија (1:0) одигран синоќа во Солна, 39-годишниот Швеѓанец му асистираше на Виктор Класон во 35. минута при постигнување на единствениот гол.
Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ги сподели своите впечатоци од неговото враќање во репрезентацијата на Шведска.
Во квалификацискиот натпревар за СП 2022 со Грузија (1:0) одигран синоќа во Солна, 39-годишниот Швеѓанец му асистираше на Виктор Класон во 35. минута при постигнување на единствениот гол.
– Се чувствувам добро. Ми се чинеше дека ова е мојот прв меѓународен натпревар. Многу адреналин. Мислам дека можев да направам многу повеќе, но победивме, и ова е најважната работа – изјави Ибрахимовиќ за „Радио Шведска“.
Следниот натпревар на Швеѓаните е на 28 март на гостински терен со Косово.