Докторите прославуваат во Тел Авив, Израел го затвори последното ковид одделение ВИДЕО

1,280

Болницата „Ичил“ во Тел Авив во понеделникот објави дека го затворила своето последно активно одделение за третман на пациенти со коронавирус, по падот на бројот на заразени во Израел, јавуваат светските медиуми.

Последните пациенти со ковид-19 кои беа хоспитализирани во болницата се опоравуваат.






– Околу 600 пациенти во моментот се заразени со коронавирус. Минатата година во ова време, имавме стотици пациенти, утрово имавме само десет. Се враќаме да им служиме на нормалните пациенти, кои немаат коронавирус – изјави лекар од болницата Ичил .

Израел досега вакцинираше повеќе од половина од населението со двете дози од вакцината против ковид-19.

Ваквата ситуација им овозможи на здравствените власти, во земја со население од 9,3 милиони жители, да почнат со укинување на ограничувањата на ковид-19, така што животот во Израел полека почна да се враќа во нормала.

Поврзани содржини