Научниците ги предупредуваат мажите: Ако ви се смалил, до воздухот е!

Д-р Шана Свон, професор по медицина во болницата „Монт Синај“ во Њујорк и автор на „Count Down“, предупредува дека човештвото се соочува со егзистенцијална криза и пад на наталитетот.

3,574

Просечната големина на пенисот кај мажите се намалува, а случаите на деформитети и болести на гениталниот систем стануваат почести.

Причината за ова е загадувањето на животната средина, според студијата цитирана од „Sky News“.






Д-р Шана Свон, професор по медицина во болницата „Монт Синај“ во Њујорк и автор на „Count Down“, предупредува дека човештвото се соочува со егзистенцијална криза и пад на наталитетот.

Според неа, една од главните причини за тоа е поврзана со употребата на се повеќе фталати во индустриското производство. Ова се хемикалии кои најмногу се користат во производството на пластични производи и имаат негативно влијание врз хормоналната рамнотежа.

– Како резултат на загадувањето, се повеќе машки бебиња се раѓаат со помали пениси од нормалното – рече Свон.

Но, ова не е единствениот проблем. Покрај големината на машките гениталии, се забележува и намалување на просечниот број на сперматозоиди, додека истовремено се почести се и репродуктивните проблеми – и кај мажи и кај жени.

Истражувањето на американскиот научник започна со проучување на таканаречениот фталатен синдром кај стаорци. Излегува дека ако ембрионите се изложени на поголеми количини на предметната хемикалија, младите се раѓаат со помали гениталии од нормалното.

Според неа, оваа последица се забележува и кај луѓето.

Во индустријата, фталатите се користат за да се направат пластиките поеластични, но според Шана Свон, со помош на играчките и пакувањата за храна, тие влегуваат во човечкото тело и создаваат низа здравствени проблеми.

Студија спроведена во 2017 година покажува дека просечната концентрација на сперматозоиди кај мажите во Европа и САД се намалила за повеќе од 50% во текот на изминатите четири децении.

Според Шана Свон, постои реална опасност дека до 2045 година повеќето мажи на Земјата ќе страдаат од репродуктивни проблеми.

Поврзани содржини