УЈП: Даночните биланси за непрофитни организации ќе се предаваат до 25 март
Од УЈП додаваат и дека рок се однесува и на другите обрасци за кои што рокот за поднесување е заклучно со рокот за поднесување на годишна сметка односно даночниот биланс.
До 25 март е продолжен рокот за поднесување на даночните биланси за одданочување на добивка, за вкупен приход, за приходи и расходи, за непрофитни организации, како и Годишниот даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност, информира Управата за јавни приходи.
– Согласно препораките на владата за преземање мерки и активности за превенција од ширење на ковид-19, како и барањата на сметководителите за пролонгирање на рокот за поднесување на пријавите и одлуката на Централниот регистар за продолжување на рокот за поднесување годишна сметка, Управата за јавни приходи информира дека рокот за поднесување на обрасците „ДБ”, „ДБ-ВП”, „ДБ-НП/ВП”, „ДЛД-ДБ” и „Б“, се продолжува заклучно со 25 март 2021 година (четврток) – велат од УЈП.
Оттаму додаваат и дека овој рок се однесува и на другите обрасци за кои што рокот за поднесување е заклучно со рокот за поднесување на годишна сметка односно даночниот биланс.
До 25 март се продолжува и рокот за поднесување на исправки на образецот ДДВ-04 за даночните периоди од 2020 година.