Груби: Одлуката на Изет Меџити е лична и ја почитувам

702

Одлуката на Изет Меџити е лична и ја почитувам, изјави денеска првиот вицепремиер Артан Груби, откако вчера сопартиецот и потпретседател на ДУИ преку Фејсбук го информира претседателот на Собранието Талат Џафери дека се повлекува од функцијата координатор на пратеничката група на ДУИ.

– Одлуката на Изет Меџити е лична и ја почитувам. Верувам дека Меџити даде свој придонес. Тој е ветар во политиката, како што рече вчера. Тој придонесува за ова општество веќе 20 години во редовите на ДУИ. Јас лично мислам дека никој од нас не може да го замени Али Ахмети затоа што тој не е претседател на партијата, тој е лидер на едно оштество – изјави Груби.






Недоразбирањата помеѓу Меџити и Груби се засилија по формирањето на Владата. Меџити јавно се спротивстави на одлуката на лидерот Али Ахмети, Груби и Бујар Османи да бидат дел од извршната власт. Сепак тој револтот за ова директно го упати кон Груби и Османи и во неколку наврати повтори дека останува верен на политиките на лидерот Ахмети.

Меџити повтори и дека не се откажува од најавата за можна интерпелација за Груби.

Поврзани содржини