Познатиот фолк-пејач Наум Петрески ја отвори душата за „Бекстејџ“, при што се пожали дека поради пандемијата на коронавирусот поминува низ тежок период, заедно со своето семејство.
Поради коронавирусот, естрадните уметници не се во можност да си ја работат професијата и да заработуваат од истата, а ниту Петрески не е исклучок.
Петрески вели дека поради пандемијата и неможноста да зараборува, тој е во загуба 70.000 евра, а живее од платата на неговата сопруга и пензијата на неговата мајка.
– Финансиски за оваа година, колку што не работиме, јас сум во загуба некои 60-70.000 евра, а живееме од платата на сопругата, пензијата на мајка ми и нешто што сме заштедиле од порано. Но, тежок живот е ова. Цела економија е упропастена и не знам како ќе се извлечеме од оваа ситуација – рекол Петрески.
ФОТО: Јутјуб