Градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ, изјави дека главниот град на Војводина ќе го прогласи денот на погребот на пејачот и текстописец Ѓорѓе Балашевиќ за Ден на жалост.
Вучевиќ за ТВ Хепи изјави дека семејството Балашевиќ ќе соопшти кога ќе биде организиран погребот на Балашевиќ.
– Ги изгаснавме светлата во Градското собрание за да изразиме болка и тага со семејството. Ова е тежок момент, пред сè за семејството Балашевиќ, потоа за целиот град, држава и регион. Нови Сад сигурно нема да биде ист по неговата смрт – нагласи Вучевиќ.
Балашевиќ почина вчера во Клиничкиот центар на Војводина како последица на пневмонија.
Тој доби бројни награди за својата работа, а исто така беше назначен и за амбасадор на добрата волја на УНЕСКО.