Почнува вакцинацијата против ковид-19, на првиот ден 260 здравствени работници

260

Со вакцинација на двајца здравствени работници, денеска во 10 часот во модуларната болница во Скопје ќе почне процесот на имунизација во земјава. Пунктот во модуларната болница ќе има шест вакцинални позиции, кои ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствен дом Скопје.

За министерот за здравство Венко Филипче, со почетокот на вакцинацијата почнува последната фаза во битката со пандемијата.






Првиот ден е предвидено вакцинирање на 260 здравствени работници, од вкупно 4.000-те пријавени за вакцинација. Секој здравствен работник кој ќе прими вакцина веднаш ќе му биде резервирана втора доза за ревакцинација.

 

Поврзани содржини